23 Ноември, 2024
0.0311

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев и Димитров со став за провокацијата од БАН, кои се новите амбасадори?

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија ќе реагира по ставовите на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, најави денеска премиерот Зоран Заев.

„Ќе реагираме поради тоа што тоа прашање е дел од прашањето за решавање на проблемите помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство. Првите чекори се направени. Верувам дека тоа мораме да го решиме. Јас не ја знам реакцијата, сега ја слушам од вас. Секако ќе реагираме и преку МНР и ќе ги направиме сите наши коментари откако ќе прочитаме што е самата реакција“, изјави Заев. 

Македонскиот јазик не постои, зашто е писмено-регионален стандард на бугарскиот, се вели во реакцијата на Бугарската академија на науките.

По изнесените ставови од Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои, и според нив тој е дијалект на бугарскиот јазик, се огласи министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

Наведува дека во 21-от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно. 

„Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот. Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70-те години на минатиот век. Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти. Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање. Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради“, пишува Димитров на Фејсбук

Кои се новите амбасадори, Владата не открива, со образложение дека кадровските решенија биле на затворена седница. Листата со имињата е испратена во Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски. 

Според информации од дипломатски извори, амбасадори ќе бидат Рами Реџепи во Рим, Васко Грков во Белград, Сашко Тодоровски во Стразбур. 

Мишо Докмановиќ треба да седне во амбасадорското столче во Тел Авив, Шпреса Јусуфи за Приштина,  Данчо Марковски во Тирана, Милаим Фетаи во Загреб, Шабан Јашари за Катар. За Женева во игра биле Теута Демјаха или Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи. Во Копенхаген треба да оди Фатон Бејта, а за Хаг ќе замине Бети Јанчева од МНР.

Пратеничката група на ДУИ поднела речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик. Ова од причина што од партијата сметаат дека, како што велат, процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси, е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава.

Во јуни оваа година, обвинетиот во случајот „Диво Насеље“ Шефчет Халачи, и испратил прислушувани материјали на обвинителката Фатиме Фетаи, поврзани со случајот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Кога Халачи и се јавил на Фетаи и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори, кои, како што рекол, му ги праќал и на Ел Чека. Обвинителката му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.

Кој го генерира индустриското производство? Кои се компаниите од преработувачката индустрија кои во последните години фатија ритам и го зголемуваат учеството во додадената вредност на македонската економија? Анализа на структурата на индустријата покажува дека иако бавно, во земјава, компаниите кои се со поголема технолошка интензивност имаат сe поголемо учество во индустриското производство

Министерките за труд и за финансии, Мила Царовска и Нина Ангеловска, со свои аргументи возвраќаат на загриженоста на Светска банка, од каде на барање на Фактор предупредија дека зголемувањето на пензиите што се планира од идната година може да ја поткопа долгорочната одржливост на пензискиот систем, како и дека одложувањето на прогресивниот данок нема да ја елиминира сивата економија

Високи извори од Социјалдемократскиот сојуз денеска откриваат дека поранешните функционери на владеачката партија - Игор Ивановски Шема и Гордан Георгиев ќе бидат дел од организацијата на предвремените парламентарни избори следната година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР