ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев на средба со Конте, Палмер во Скопје, а Договорот од Преспа не може целосно да се имплементира

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 20:13
Премиерот Зоран Заев попладнево допатува во Рим, каде што беше пречекан од шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте, со кого треба да оствари средба на која детално ќе биде информиран за тоа каква е перспективата на Македонија во евроинтеграциите во блиска иднина.
Тој денеска пред медиумите изјави дека на денешната средба во Рим со шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте, ќе биде информиран за тоа дали Европската Унија планира во блиска иднина да биде активна на полето на проширување и за тоа каква е замислата за методологијата на преговори која ја планира францускиот претседател Емануел Макрон.
Aмериканскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој е во посета на Maкедонија дава поддршка за европскиот пат на земјата.
Палмер се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, а потоа и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Северна Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива“, изјави Палмер.
На средбата кај Пендаровски беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на собраниската Комисија за надворешни работи потврди дека Преспанскиот договор со Грција не може да се имплементира во целост се додека Македонија не ги отпочне преговорите со ЕУ, алудирајќи на одредбите за практикувањето на името во внатрешната употреба.
– Во Договорот во однос на внатрешните документи има условување со почетокот на преговорите. Договорот не може да се имплементира во целост ако не сме во ЕУ – рече Димитров.
Шефот на македонската дипломатија претходно ги оцени критиките од ВМРО-ДПМНЕ за недобивањето датум за преговори со ЕУ како дволични на расправата што почна денеска во комисијата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за европски прашања, а вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги обвинија за антиевропско однесување.
Со фотографија на министерот и вицепремиерот кога тие лани се пофалија со датум, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од говорницата ги обвини за ширење лажни вести и ги повика на одговорност. Тој рече дека за одговорност ќе се видат на 12 април, на денот на изборите.
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич вели дека Европската унија е уверена дека Скопје и Атина ќе продолжат да го почитуваат Договорот од Преспа и покрај тоа што го одложуваат почетокот на разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија, пренесе српски Танјуг.
На прашањето на грчките медиуми за Договорот од Преспа, ЕУ силно го поддржува договорот меѓу Северна Македонија и Грција, што, како што рече, е значаен успех и позитивен пример не само за регионот и Европа, туку и пошироко.
Можеби ќе ве интересира
„ОД ЕДНА ПРОФЕСОРКА, СЕПАК СЕ ОЧЕКУВА БАРЕМ ОСНОВНО ПОЗНАВАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА“: Османи за Силјановска Давкова

ДА СЕ УГЛЕДАМЕ НА ЉУБЉАНА: Македонија нема доволно зеленило и тоа скапо ќе го чини здравјето на луѓето

СЕ ОЧЕКУВА ДА ПАДНЕ И СНЕГ! Попоски соопшти дека ни доаѓа огромна промена на времето

„ЧЕКАЈТЕ СЕГА, СО КОГО СМЕ?“ Жерновски прашува „што стана со новото нормално на Мицкоски“

СЕ ОГЛАСИ ГИТАРИСТОТ НА ДНК ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Колку што сум среќен, толку сум и тажен

„СРЕДЕ СКОПЈЕ КОШТА ГИ ТОРПЕДИРАШЕ ЗАМАЈУВАЊАТА НА ПРОПАГАНДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Величковски за гостувањето на Кошта во земјава и неговите изјави

„ТАРАВАРИ ИМАЛ БЕЛ ЛИСТ ЗА ДА НАПИШЕ КОЛКУ ОПШТИНИ САКА“: Муртезани за довчерашниот коалиционен партнер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крешник Бектеши оди во куќен притвор

ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО СКОПЈЕ: Концертот ќе продолжи
