Фон дер Лајен објави колку украински војници загинале, а потоа го избриша податокот
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2022
Претседателката на Европската комисија(ЕК) Урсула Фон Дер Лајен објави видео во кое говори дека Русија мора финансиски да плати за штетите што ги направи во Украина и дека е неопходен трибунал во Хаг за руската агресија.
Но, делот каде таа зборува за 100.000 загинати украински војници е исечен.
„Русија мора да плати за своите страшни злосторства, вклучувајќи го и злосторството за агресија врз суверена држава. И затоа, додека продолжуваме да го поддржуваме Меѓународниот кривичен суд, предлагаме да се формира специјализиран суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува и гони руските злосторства за агресија“, рече Урсула фон дер Лајен.
Штетата што ја претрпела Украина се проценува на 600 милијарди евра (621,8 милијарди долари).
Фон дер Лајен рече дека Европската Унија(ЕУ) веќе блокирала 300 милијарди евра од резервите на руската централна банка и замрзнала 19 милијарди евра пари на руските олигарси.Украинските власти соопштија дека по целосно завршување на војната ќе објават колкав е бројот на жртви. Украина тврди дека руските загуби се над 80.000. Москва не соопштува детали за загубите во Украина. За посетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.