19 Декември, 2025
0.0689

ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ГИ ИЗБРА ПРВИТЕ 12 СТИПЕНДИИ

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2022 15:13

Добивај вести на Viber

Видеолотарија Касинос Австрија преку фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА, ќе стипендира дванаесет студенти на четири факултети при УКИМ. 

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едука обезбеди стипендии за дванаесет студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. По извршената евалуација согласно конкурсот за стипендирање 2022/23 објавен на 01.11.2022 година, избрани се  следните кандидати:

•Правен факултет:

1. Арта Мифтари од Велес - правни студии

2. Дениз Сулимани од Куманово - правни студии

3. Тамара Гарческа од Битола - политички студии

•Машински факултет:

1. Марио Ангелковски од Охрид - мехатроника

2. Симон Темков од Кавадарци- ИИМ

3. Зорица Димова од Кавадарци - ИИМ

•Природно математички факултет:

1. Михаела Антовска од Тетово - наставна математика

2. Семра Амза од Скопје - нутриционизам

3. Христина Митреска од Охрид – теориска математика

•ФИНКИ:

1. Магдалена Трајкова од Гевгелија - ПИТ

2. Иман Топчи од Охрид - СИИС

3. Ајла Радончиќ -компјутерски науки 

Директорот на фондацијата Едуката, Оливер Арсовски најави дека фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, сè до нивното завршување, доколку бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.

„Сите стипендисти имаат инспиративни резултати, што за нас е дополнителен мотив да продолжиме со поддршката на нивниот индивидуален и научен развој, а со тоа и да придонесеме во создавањето висококвалитетни кадри кои ќе понудат нови можности за развој на заедницата“, додаваат од Видеолотарија Касинос Австрија. 

Нашата визија  е да започнеме со студентите на факултетите при УКИМ во Скопје кои ќе ги следиме до крај на нивното студирање, доколку продолжат да ги исполнуваат поставените критериуми. Веќе од почетокот на следната година, ќе бидат вклучени и останатите државни универзитети во Штип- Гоце Делчев, Битола- Св. Климент Охридски и Тетово- Државен Универзитет Тетово.

Фондацијата Едуката фокусот го става на надарените лица-ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, кои немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување. Нашата цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција