29 Мај, 2024
0.0267

Фондацијата Т-Мобиле со мисија да им донесе радост на децата од најранливите групи

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Денеска Новогодишниот караван на Фондацијата Т-Мобиле ги израдува децата од  Домот за деца без родители „11 Октомври“ , до крајот на годинава ќе изненадат 2000 деца ширум земјата.

Претпразнично во разиграна атмосфера и новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и заедно со волонтерите вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком им подарија пакетчиња со желба за уште поубава година.

Овој  Новогодишен караван е традиционален , се одржува тринаесетта година по ред а оваа година започна од 17 декември а ќе заврши на крајот од оваа година. Целта на караванот е да ги радува дечињата од најранливите групи на деца, со низа Новогодишни претстави и делење на пакетчиња за децата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства.

Овој караван го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком кои оваа година имаат мисија да посетат над 2000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат разни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.

Новогодишниот карван до крајот на годината ќе ги посети: СОС Детското село, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ПОУ „Златeн Сремeц“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје, Здружението за деца со аутизам  „Во мојот свет“, ПОУ „Свети Климент Охридски“ во Ново Село, Детската хирургија, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес,  Струмица, Охрид,  Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара,  Децата во интернат при Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”  и децата од предучилишна возраст во Скопје и  Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Заводот за деца со оштетен Слух „Kочо Рацин” и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола, Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари и Автокоманда и Кисела Вода,  Здружението „Сумнал”, деца на самохрани родители членови на „Минус и Плус”, Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” во Скопје, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ „Христија Тодоровски Карпош” во Куманово, децата со посебни потреби во градинката, во ОУ „Лирија” и “Андреја Савески –Кикиш ” во Тетово, децата со посебни потреби во Дебар, Државно средно училиште за глуви „Партение Зографски”, децата во паралелки за деца со посебни потреби  во Кавадарци, детскиот оддел на болницата „Свети Еразмо” во Охрид, децата згрижени во дом семејства во Скопје, здружението „Ластовица” и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во Скопје

Можеби ќе ве интересира

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ

Доаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади

Доаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади

Колку македонци заминаа на одмор во месец Мај? – ЈК Травел означи почеток на туристичката сезона

Колку македонци заминаа на одмор во месец Мај? – ЈК Травел означи почеток на туристичката сезона

ЖИВКО МУКАЕТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРЕМИУМ ПАРТНЕР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОСКАР НА ХУМАНОСТА“ НА ЦРВЕН КРСТ

ЖИВКО МУКАЕТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРЕМИУМ ПАРТНЕР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОСКАР НА ХУМАНОСТА“ НА ЦРВЕН КРСТ

Британската инвестиција во Северна Македонија, Salience Consulting, прави дополнителна инвестиција од 2 милиони евра во Скопје за проширување на тимот и купување на поголема канцеларија

Британската инвестиција во Северна Македонија, Salience Consulting, прави дополнителна инвестиција од 2 милиони евра во Скопје за проширување на тимот и купување на поголема канцеларија

Македонското актуарско здружение одбележа 20 години постоење

Македонското актуарско здружение одбележа 20 години постоење

БИЗНИСОТ СО ГРЦИЈА, СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СО МИЗО И СТАРТОТ НА НОВАТА ВЛАДА

БИЗНИСОТ СО ГРЦИЈА, СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СО МИЗО И СТАРТОТ НА НОВАТА ВЛАДА

Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024

Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024