27 Јули, 2024
0.0328

Македонското актуарско здружение одбележа 20 години постоење

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

На 21.5.2024 Македонското актуарско здружение (МАЗ) одбележа 20 години постоење, во Музејот на македонската борба за самостојност. Членовите на Здружението во присуство на актуари од регионот и претставници од Регулаторот на осигурителната индустрија, Националното Биро за осигурување и осигурителните компании го прославија овој јубилеј.

Здружението одбележа две децении посветеност, професионализам и придонес во развојот на актуарската професија во нашата земја. Македонското Актуарско Здружение е стручна, непрофитна организација, основана во 2004 година, чија мисија е  унапредување на актуарските дисциплини, нивната практична примена и стручното усовршување и образование на актуарите.

Претседателот на МАЗ, г-ѓа Цветлана Винцензи Маркулеска даде осврт на досега постигнатото и сподели дел од идните планови на здружението. Таа им додели признанија на членовите, како и на соработниците кои во изминативе години придонеле за раст и развој на здружението.

Патот кон исполнување на својата мисија и цели во изминатите години на Здружението е испреплетен со многубројни предизвици кои се инспирација и мотивација за раст и усовршување за неговите посветени членови-волонтери.

Благодарение на компетенциите, професионалната етика, посветеноста и трудот на своите членови, Македонското Актуарско Здружение денес е препознаено и почитувано не само во Македонија, туку и на меѓународно ниво. Од 2016 година Здружението е полноправна членка на Меѓународното актуарско здружение со свои претставници во Советот и Комитетите.

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје