Добивај вести на Viber
До 2020 година, американскиот производител на автомобили „Ford“, планира да ја зголеми годишната продажба на своите возила од 5,7 милиони во 2012 година на 8 милиони.
Според оценката на директорот на компанијата Ален Мулали, „Ford“ за остварувањето на таа цел се потпира на перспективните пазари на САД и Кина.
Тој, исто така, изјави дека „Ford“ има намера да ја зголеми својата оперативна профитабилност од осум на десет проценти, пренесува агенцијата Франс прес.