22 Јануари, 2025
0.1365

(ФОТ0) Родители, чувајте си ги децата: На подем нова дрога – јагода мет!

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

На cоцијалните мрежи во регионов во последните неколку дена се шири предупредување за нова наркотика, која е многу популарна во Западна Европа и која набрзо може да стигне и кај нас, а чие дејство е катастрофално за корисниците. Станува збор за нов облик на мета кристалот „јагода мет“. Оваа дрога е подвид на метамфетамин, кој се користи долги години на Запад.

Иако оваа дрога ја има многу малку на нашите простори, сепак предупредувањето треба да се сфати многу сериозно, бидејќи во пракса се покажа дека е потребно многу малку време работите кои станат популарни во ЕУ, да го најдат својот пат до нас.

- Драги родители, ве молиме споделете го овој статус! Се појави нова дрога која дилерите ја делат во училиштата, додуша најмногу во Германија, но брзо ќе стигне и кај нас. Ја викаат јагода квик или јагода мет. Мириса на јагода а изгледа како гумени желе бомбони. Достапна е и во други вкусови  како чоколада. Предупредете ги своите деца никогаш од никој да не ја земаат. Таа дрога е кристал мет со вкус на јагода и може да ги убие. Тоа дефинитивно е еден од најгрозните и најкратки патишта до смртта. Ве молиме, ширете ја оваа вест, така што сите родители и деца на време да се предупредени. Ви благодариме - гласи оваа порака која се рашири на социјалните мрежи.

Инаку,кристал мет (Crystal Meth) спаѓа во синтетички дроги и се популарна е во земјите на ЕУ и САД. Бројот на корисници и зависници од оваа дрога се зголемува секоја година, а надлежните органи се покажаа како немоќни да го запрат овој продор на ова зло, пред се меѓу младите.

Во земјите во кои е распространет овој кристал важат за „кокаин на сиромаштијата“. Кога се зема подолг период, доаѓа до големи органски и психички пореметувања. Овој прав, сличен на ситни кристали (поради што и се вика “ice” – led), се зема орално, со шмркање, пушење или дури и со шприц. Процесот на производство е едноставен, а кога се земе, силно активира одредени мозочни ќелии. Кај корисниците се развива јака физичка и психичка зависност.

Дрогата се произведува во куќни лабаратории, а грам чини околу 70 евра. Може да се зема како пилула, да се шмрка како прав или да се вбризгува како инјекција. Далеку поопасна од кокаинот и хероинот, бидејќи дејствува погубно за мозокот и централниот нервен систем. Корисникот почнува физички да пропаѓа, добива гадни егземи и плускавци по целото тело, а голем број од нив на крајот заболат од ХИВ.

Веднаш по престанокот на дејството на дрогата кај корисникот се јавува чувство на исцрпеност, депресија, раздразливост и параноја. Во долгорочни последици се вбројуваат екстремна анорексија, оштетувања на крвните садови на мозокот, респираторни проблеми и неправилно чукање на срцето кое може да резултира со смрт. Раздразливоста, слабата координација на движењата, потреба за течности, се некои од сиптомите по кои може да се препознае личноста која ја зема оваа дрога.

Некои од знаците на предупредувања за родителите дека вашетo дете ја користи оваа дрога е необјасниво губење на апетитот, анорексијална зголемена будност и активност.

Најлоши особини на овој наркотик е што корисниците после многу краток период почнуваат драстично да го менуваат изгледот, им паѓаат забите, физички го менуваат изгледот до непрепознатливост, и за краток временски период умираат. Затоа и ја нарекуваат „зомби дрога“.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас