Добивај вести на Viber
Најверојатно густата магла има дел од вината за сообраќајната незгода која се случи утрово во скопско Ченто.
Според информациите на медиумите, околу 8.40 часот се судриле два автомобили „мицубиши“ џип со скопски регистарски таблички и „пежо“ со кумановски регистрации при што „пежото“ од силниот удар се превртело на кров.
Од незгодата е повредено едно лице, односно сопатничка од превртеното пежо, која со телесни повреди е пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
Надлежни екипи вршат увид на незгодата.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам