15 Мај, 2024
0.0256

(ФОТО) ЦРНА ГОРА, ХРВАТСКА, БУГАРИЈА, МАКЕДОНИЈА: Најдобрите балкански плажи за ова лето

Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дали се одлучивте каде оваа година ќе одите на одмор?

Во случај досега да не сте имале прилика да посетите некоја од балканските плажи во текот на летото, сега имате нова шанса.

Ако планирате одмор во овој дел од светот, знајте дека нема да ви требаат премногу пари.

Ви ги пренесуваме најдобрите плажи од Црна Гора, преку Хрватска, до Македонија и Бугарија.

Секоја од овие земји има свој вид природна убавина и амбиенти кои може да ви понудат добра забава.


Најдобрите плажи на Црна Гора

Во случај ова лето да испланиравте да ја посетите Будва, мора да ја посетите Кралската плажа. Тоа е совршено место, опколено со величенствени планини и огромни карпи. Како што им се приближувате на плажите, лесно ќе се впуштите во амбиентот со кој тие издишуваат.


Ќе имате прилика да ја откриете убавината на историскиот град Будва, кој има повеќе од 3000 години историја. Ве советуваме да издвоите малку време за тоа, покрај опуштањето покрај море. Ако се искачите до старите ѕидини, ќе имате можност да уживате во прекрасен панорамски поглед.

Најдобрите плажи на Хрватска


Познатите хрватски острови се популарна дестинација за туристи од цел свет, вклучувајќи и познати личности. Хрватска е малку поскапа во однос на другите балкански дестинации, но се тоа ќе се исплати кога видите каде всушност сте дошле. Третиот по големина остров на Хрватска, Брач, се наоѓа во Далмација.

Ве советуваме да ја посетите Видова гора, која е највисок врв на овој остров, и која се гордее со своите големи песочни плажи, кои се опкружени со беспрекорна сина вода. Златни Рат и Златен рог се можеби најубавите европски плажи, па со самото тоа, на нив во текот на најдобриот дел од сезоната може да очекувате големи гужви.


Најубавите плажи на Бугарија

Несебар се смета за гордост на Црното море, а на своите посетители им нуди голем број одморалишта и знаменитости. Оваа летна дестинација нуди мирна и тивка атмосфера, така што е совршена за мини одмор со семејствата или саканите. Сепак, ако дојдете овде со пријателите, сигурни сме дека ќе пронајдете некоја журка.


„Sunny Beach“ - Сани Бич - е едно од најголемите одморалишта на оваа дестинација каде воедно се одржуваат најдобрите летни журки. Што се однесува до сместувањето, цените се сосема разумни, луѓето се добродушни и услугата е квалитетна. Љубителите на пливањето можеби ќе се разочараат во оваа локација, бидејќи времето е променливо па насред ден може да ве изненади силен ветар, проследен со црвени и жолти знамиња кои ни кажуваат дека пливање не се препорачува.


Најдобрите плажи на Македонија

Охридското езеро и неговата ривиера се дефинитивно најдобри претставници на уживањето во Балканот. Додека сте во Охрид, можете да уживате во неговите улици и улици на Стариот град, да посетите културни и историски градби, споменици и цркви.


Охрид ќе ви понуди единствено летно искуство, со најповолни цени во овој дел од светот. Најдобрата плажа во Охрид е Љубаниште, а ви нуди доста простор и опуштена атмосфера опкружена со мирна чиста вода. Најдобро време за посета на плажата е околу шест часот попладне, бидејќи тогаш ќе имате шанса да уживате во прекрасното зајдисонце.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого