(ФОТО) Фатмир Битиќи на гости за Велигден се кршеше со велигденски јајца
Објавено во: Македонија 16 Април, 2023
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи беше на гости по повод денешниот празник Велигден и се кршеше со велигденски јајца.
Тој објави фотографии на социјалните мрежи.
„Да си ги празнуваме заедно празниците, да си ги знаеме адетите и традициите, да се почитуваме и живееме сложно. Заедно на Велигден, да го прославиме животот и раѓањето на нова надеж. Тетка Славјанка да си здрава, жива и секогаш насмеана со семејството околу трпезата. Христос воскресе!“, пишува Битиќи.
Политичарите го честитаа празникот и посакаа мир, благосостојба и просперитет.