(ФОТО) Бугарски бизнисмен, неговата сопруга и двете ќерки се загинатите при уривањето на авионот кај Солунска Глава
Објавено во: Балкан 03 Април, 2019
Огромна трагедија во која животите ги загубија родители и две деца се случи кај Солунска Глава.
Бугарските медиуми ги објавија и идентитетите на загинатите а според нив станува збор за Георги Бошнаков кој имал 49 години. Загинала и неговата сопруга Калина но и нивните две ќерки кои имале 19 и 14 години.
Човекот десно до премиерот на Бугарија е загинатиот Георги БошнаковЛеталото со кое се превезувале било со германски регистарски таблици .
Остатоци од авионот се најдени во регионот на планината Јакупица.
Поради лошите метеоролошки услови пилотот посакал да слета во Скопје, но кратко потоа побарал да продолжи кон Софија.
Станува збор за авион од типот Цесна кој полетал во 15:10 часот од аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид.
Авионот исчезнал во 16,16 часот.
Портпаролот на МВР кажа дека непристапниот терен на местото каде се урнал авионот потрагата се одложи а надлежните прават напори најскоро да се дојде и физички до авионот.
Фото: блиц.бг