15 Декември, 2025
0.1216

(ФОТО) Гласајте и бидете дел од уредниците на новата плажа на Охридското езеро

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2014 13:29

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро, општина Дебарца.

Станува збор за пет идејни решенија за уредување на една плажа со должина од 500 метри, на дел од Охридското езеро која се наоѓа во непосредна близина на Аеродромот “ Св. Апостол Павле-Охрид” на територија на општина Дебарца, информираат од Министерството.

Според нив целта на проектот е да се овозможи користење на водената површина како и можност за рекреација на предметната локација со што ќе се овозможи континурано користење на истата преку текот на целата година и создавање на атрактивен простор кој во себе содржи потенцијал да биде пандан на веќе постоечките понуди на Струшко-Охридската ревиера, а и од особено значење за туристички и економски развој на општина Дебарца.

Плажата е предвидена да се изгради согласно највисоките туристички стандарди а особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината.

Планирана е песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали, стои во текстот на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски.

Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.

Предвиден е простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштето да биде обележан просторот за капење во езерото со бови, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување.

Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за нивно уредување согласно изработените основни проекти.

По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија, се додава во соопштението.

 

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“