23 Мај, 2024
0.0300

(ФОТО) ХРВАТ ПОДАРИЛ БОГАТСТВО: Живеел во хотели со 7 звезди, а сега во сламена колиба!

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Во денешниот свет на алчноста, желбата за моќ и трка за пари. Никола Бориќ (38) е редок исклучок: тој ја напуштил светската кариеа и големо богатство, па од луксузниот свет на врвниот спорт дошол во колиба од слама покрај селото Кокочак во Славонија и среќен живее од денес до утре.

Никола, завршил Кинезиолошки факултет и осум години бил репрезентативец на Хрватска во триатлон. Ја продолжил кариерата како тренер.

nikola-boric-kucica-foto-vladimir-grguric-glas-slavonije-1421321880-607974

„Работев со Стефан Божиќ шест години и со него ја земав светската титула, со Ана Сршен земав две сребра во Сиднеј и Атина, со Гордана Кожулјем освојував медали, во Хрватска направив прваци во 30 различни спортови. Тогаш почнав да работам за еден американски менаџер и отидов во Мароко со победникот на Дијамантската лига на 1500 метри, работев со повеќе од 100 Етиопјанци, со Кенијци победници на маратони во Њујорк и Париз, Дубаи, Лондон, апотоа работев за турска и азербејџанска атлетска репрезентација“, раскажува тој, а пренесува српски курир.

Во екот на тренерската кариера живеел на висока нога, престојувал во хотели со седум ѕвезди и ги пропатувал сите континенти. Меѓутоа, мечтаел за нешто друго. Сакал душевен и животен мир. Целиот луксуз го оставил, својата фирма во Кина, вредна неколку милиони долари, му ја подарил на пријател за роденден и почнал да го бара своето место под сонцето.

nikola-boric-foto-vladimir-grguric-glas-slavonije-1421321913-607977

Осум години барал на белиот свет идеално место и така го пронајдел мал Кокочак близу до Ораховица.

„Мене дивината ме влечеше цело време. Речиси девет години барав место според своите желби. Составив список од она што сакам да го имам, го поминав цел свет и се најдов овде. Барав место во шумата со извори на вода, поток и каде нема луѓе. Овде го најдов сето тоа и сега секој ден ме водат срцето и молитвата. Можеби ќе си одам денеска попладне, а можеби ќе останам засекогаш, така всушност изгледаат моите планови“, објаснува Никола, кој живее во два квадрати од слама и кал.

Ѕидовите се импровизирани од сено, а кровот од даски. Внатре има едедн шпорет во кој го ложи огнот, а спие на бали сено на кои се наоѓаат подметачи за столови. Јаде само еднаш неделно, но редовно одржува хигиена.

nikola-boric-kucica-pribor-za-zube-foto-vladimir-grguric-glas-slavonije-1421321986-607978

„Во принцип, храна не ми треба, мојата мачка јаде повеќе од мене. Се хранам со други извори, редовно се молам и медитирам од четири до шест часот секој ден и тоа ми е храна. Бог ми дава се што ми е потребно. Ме прашавте за хигиена, се бањам во потокот. Еве сега преку зима од селото добив и када, па под неа надвор наложувам оган ставам вода и се бањам во топла вода. Овде се правам од природни материјали кои можам да ги најдам во околината од 200 метри“, вели тој.

Идеал му е сам да произведе се што му е потребно за живот и размислува да направи некоја ботаничка градина, „некоја пермакултура, склад на природа и животни“.

„Меѓутоа, јас велам, никогаш не знам како ќе се разбудам наутро. Денес уживам во оваа природа, ме опкружуваат диви животни, свињи, срни и елени, водени желки и ракови, некако сепак мислам дека овде ќе живеам засекогаш“, раскажува Никола.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“