21 Мај, 2024
0.0284

(ФОТО) Како да направите држач за велигденски јајца со балон

Објавено во: Стил 05 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Подготовките за најголемиот пролетен празник, Велигден, веќе започнаa. По традиција најнапред посветуваме внимание на декорациите.

Бидејќи започнуваме со идеи за празничен декор, споделуваме една убава и лесна идеја за тоа како да си направите држач за јајца во облик на големо јајце.

jajce

Она што ќе ви биде потребно е:

* Балон * Лепило со силна фиксација * Игла * 1 топка црвен конец * Ножици * Широка четка за цртање * Лак за коса

jajce 1

Надувајте еден балон и намачкајте го со лепилото. Потоа премотајте го со црвениот конец и нанесете го лакот. Оставете балонот да се исуши добро. Ова може да потрае ден-два. Потоа со помош на игла пукнете го балонот помеѓу конецот. Со ножици и многу внимателно исечете во средината мал отвор.

Извадете ги остатоците од пукнатиот балон и повторно напрскајте го однадвор со малку лак за коса. Ова ќе ги фиксира конците. Останува да поставите трева за декорација врз која да ги поставите вашите велигденски јајца. Од картон направете подлога на која ќе ја поставите велигденската декорација.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“