(ФОТО) НОВОГОДИШНИ БОИ НА СКОПЈЕ 2015: „GET CAFЕ“ најубаво украсен објект
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2015
И годинава град Скопје ја организираше манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје 2015“, во соработка со ЕВН Македонија.
Се што требаше да направите е да ги украсите вашите домови и угостителски објекти или пак дворови.
Денеска беа прогласени добитниците на наградите.
Наградата за Најубаво украсен објект отиде во рацете на кафулето „GET CAFE“ во Кисела Вода.
[gallery ids="194229,194230,194231"]Најубаво украсена тераса е прогласена терасата на Филип Нечевски во населбата Аеродром додека пак најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Матеа Трпеска, во населбата Водно.
[gallery ids="194223,194224,194225"] [gallery ids="194226,194227,194228"]Дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“ беше прогласен за најубаво украсен двор на Средно училиште.
[gallery ids="194233,194234,194235"]Комисијата беше составена од претставници на медиумите.
Првите тријца наградени ќе добијат 10.000 денари а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година
Градоначалникот Трајановски свечено им ги врачи признанијата на добитниците, а Игор Гиевски од Бордот на директори на ЕВН порача дека и во иднина ЕВН ќе бидат партнери на Градот во организирање на оваа манифестација.