Добивај вести на Viber
Изложба на предмети кои Јосип Броз Тито ги добивал како претседател на CФРЈ, беше отворена вчера во Музејот на историјата на Југославија и ќе трае до 25 август, информира српски Блиц. Cкапоцените предмети, кои инаку се чуваат во фондот на музејот, ги претстави министерот за култура и информации, Братислав Петковиќ.
- Ако ги сметаме и подароците од Југославија, Тито добил околу 200.000 најразлични подароци. Многу од нив беше невозможно да се изложат, како животни, цигари, храна, пијалоци, дрва, вили ... Овде се само предметите кои успеавме да ги идентификуваме, а кои имаат траен рок - вели Момо Цвијовиќ, кустос во музејот.
Фото Курир-инфо.рс