19 Декември, 2025
0.0678

(ФОТО) Ова чудо ќе ги носи астронаутите во вселената

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2014 12:44

Добивај вести на Viber

 Компанијата „SpaceX“ претстави вселенски брод „Dragon V2“, кој најмногу за три години, би требало да почне да ги превезува американските астронаути кон Меѓународната вселенска станица и така да ја прекине зависноста на САД од руските „Сојузи“

Кога „Dragon V2“  ќе замине од Земјата, тоа ќе биде првиот лет после летот од јули 2011 година Американците да тргнат во вселената од америкаско тло.

Последните тринаесет години САД исклучиво зависи од руските „Сојузи“ кога станува збор за транспртот на астронаутите кон Меѓународната вселенска станица. Цената на возење е околу 70 милиони долари за едно место.

Леталото „Dragon V2“ може да пренесе седум астронаути и претставува „навистина голем технолошки скок“, оценува директорот и основач на компанијата „SpaceX“, милијардерот Елон Маск, во текот на презентацијата на вселенскиот брод со седиште на компанијата во Лос Анџелес.

„SpaceX“ е една од четирите компании кои американската Агенција за истражување на вселената (НАСА) ги одбра да направат летало кое може да ги превезува астронаутите Меѓународната вселенска станица како дел од јавно-приватно партнерство. Останатите три се „Боинг“, „Сјера Невада“ и „Блу ориџин“.

Притисокот САД што побргу да направи летало кое може да ги пренесува астронаутите се зголеми откако се влошија односите меѓу САД и Русија поради кризата во Украина.

„SpaceX“ исто така има договор со Агенција вреден 1,6 милијарди долари со кои се предвидени вкупно 12 летови за превоз на транспорт кон  Меѓународната вселенска станица, од кои веќе три се искористени.

Предности на леталото:

Една од разликите на бродот  „Dragon V2“  од претходните летало е што може да се употреби повеќе пати, има нова технологија која може да го забави нејзиниото враќање во орбитата на Земјата и  контролирање на спуштањето, рече Елон Маск и додаде дека како хеликоптер ќе може да се спушти каде сака.

Така леталото ќе може да се употреби многу брзо, што ќе донесе нови заштеди.

Можеби ќе ве интересира

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок