16 Декември, 2025
0.0450

(ФОТО) Пожарникарите во Старо Нагоричане извлекоа две лица заглавени во Пчиња

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 18:56

Добивај вести на Viber

Пожарникарите извлекоа две лица во Старо Нагоричане кои утрово беа заглавени во поплава поради излевање на реката Пчиња. 

ТППЕ Старо Нагоричане објави информација дека утрово учествувале во акција за извлекување на две лица кои биле заглавени во близина на бањата во селото Строновац.

ТППЕ Старо Нагоричане интервенирало со возило и двајца пожарникари. Воедно, од таму испратија апел до граѓаните да избегнуваат движења и секакви активности по реката Пчиња во општината, и доколку здогледаат лице кое е во опасност, да се обратат на телефонскиот број 112.

Според податоците на УХМР, денеска до 16:30 часот, најмногу дожд наврна во Претор и Крушево, односно по 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната од 15 до 19 степени. 

Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег. 

фото ТППЕ Старо Нагоричане


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“