(ФОТО) Преживеан раскажува: Автомобилот му паднал од мостот во Џенова-чудо го спасило
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Во близина на Џенова вчера се урна мост кој сочинува дел од автопатот, а претставници тврдат дека бројката на починати сега за сега е 35 и дека е можна трагедија од огромни размери.
Поранешниот голман Дејвид Капело во моментот на трагедијата бил на мостот „Моранди“.
„Чудо е што сум жив. На почетокот слушнав бучава и потоа се' се сруши. Мојот автомобил падна од 30 метри висина и заглави меѓу столбови и рушевини. Неверојатно, но немам ни гребнатинка“, изјавил Капело.