22 Мај, 2024
0.2833

(ФОТО) Приказната на најмалиот остров во светот

Објавено во: Стил 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Од часовите по географија во училиштето ни е познато дека Гренланд е најголемиот остров во светот.

Сепак некогаш сте се запрашале „Кој е најмалиот“ таков и што всушност го оквалификува едно парченце суша како остров?

najmal ostrov.1jpg

Владата на Велика Британија дава одговор на ова прашање уште во 1886 година. Според нив остров е секое парченце земјиште, кое или е населено од луѓе или има доволно тревник, за да „нахрани барем една овца во лето“.

Во таа смисла од Гинесот на рекордите го признаа за „Најдобар мал остров“ Bishop Rock (Скалата на офицерот) - најзападниот од Островите Сили.

najmal ostrov2

„Bishop Rock“ е толку мал, што на него не може да се прави што и да било - кога нема прилив (прилив на една водна површина е изворот од кајшто доаѓа нејзината вода) е со должина од 46 метри и ширина од 16 метри.

Во средниот век „Bishop Rock“ е познат и како „Men Epskop“ - таму криминалците биле оставени на самоволие на брановите со залихи на леб и вода за неколку дена.

najmal ostrov3

Тоа продолжува до 1847 година, кога е одлучено на оваа малечка суша да биде изграден светилник, поради зачестените корабокрушенија. Овој светилник се крева на малата суша и до денес и всушност е нешто како препознатлив симбол на „Bishop Rock“. При наплив единственото што се гледа е овој светилник и можете да замислите каков кошмар било за инженерите да го изградат. Дури е тешко да си замисли човек каде и како биле распоредени работниците.

Изградбата на овој инженерски предизвик траел десет години, а домаќините на светилникот се преселија во него во 1858 година.

Според споменатите одредби од Велика Британија ова парче земја веќе било локација, поради што било прогласен за најмалиот остров на земјата, а подоцна и во светот.

najmal ostrov5

Интересен факт е дека светилникот е автоматизиран дури во 1992 година, поради што, технички, тој веќе не е населен и од Гинисовата книга најверојатно треба барем да го запишат како „Најмногу малиот остров со изграден објект на него“.

Во овој ред на мисли ако некогаш наидете на некое малку парче земја среде никаде во светскиот океан, веднаш изградете нешто  и ќе станете познати!

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“