(ФОТО) Прв викенд на љубов и поезија со „Матица“
Објавено во: Мои пари 24 Март, 2014 13:39
Читај Повеќе – Читај Секаде.
Викендов Скопје и Прилеп беа домаќини на карванот на Матица Читај Повеќе – Читај секаде, на кој многу еминентни поетски имиња интерпретираа свои дела пред многубројната публика, се дружеа со истата и го одбележаа Светскиот ден на поезијата. Компанијата Сигма Џулери беше креатор на ова случување, а во склоп на истото подари над 200 книги од домашни автори на посетителите.
На настанот во Скопје покрај Весна, посетителите можеа да уживаат во делата на поетесите Александра Велинова и Ирена Ристевска, како и писателот Ѓорги Барбаровски и Кочо Топузовски.
Во Прилеп пак, настанот го отвори Златко Карчески од бендот The Hounds, а продолжи со читање поезија од страна на младата поетеса Ивана Канго, доајените од поетската фела од Прилеп - Василе Димески и Петре Башески, како и младиот прилепчанец Филип Димкоски кој истакна дека секој ден го поминува со најверниот пријател – книгата. Манифестацијата заврши со читање поезија од страна на Раде Силјан, претседателот на друштво на писатели, а потоа прилепчани имаа можност
да се дружат со авторите и секако да добијат бесплатно книга.
Оваа активност е само една од низата, со која тимот на Матица и македонските компании, имаат за цел да ја променат матрицата на размислување кај јавноста, за значењето на македонските дела и за неопходната потреба од книгата.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




