19 Декември, 2025
0.1150

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Шеќеринска во најопасниот дел на светот

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 11:19

Добивај вести на Viber

„Навистина ми е чест и задоволство што денеска сум тука да бидам заедно со македонските војници во Авганистан, во Кабул и да покажам колку Македонија им должи и колку ја почитува жртвата и трудот кој што го вложуваат. Денеска сум тука и со делегација од Собранието на Република Македонија и мислам дека заедно ја испраќаме пораката дека нашата стратешка цел, членство во НАТО нè обединува, дека нашиот придонес кон светскиот мир нè обединува, но дека пред сè и над сè нè обединува нашата желба да дадеме поддршка на луѓето кои што ги ставаат под ризик своите животи во име и за Македонија“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при пристигнувањето во Кабул, Авганистан, едно од најопасните подрачја во светот.

Вицепремиерката пристигна во командата на мисијата „Одлучна поддршка“ и оствари средбата со делот од македонскиот контингент задолжен за безбедноста на главниот штаб на мисијата. Имаше разговор и со командантот на аеродромот во Кабул, генералот Хусеин Канбур, со командантот на Командата на главниот град, турскиот генерал Јашар Дилбер и видео-конференциската врска со командантот на Командата Север, германскиот генерал Герхард Ернст Петер Клафус. 

„И затоа денеска ќе ни биде задоволство да го поминеме овој ден со нашите војници, припадниците на Армијата на Република Македонија и да се заблагодариме на нивната службаво име на татковината, за татковината и за нејзините стратешки цели. Денеска гледате овдека еден дел од нашите војници, најголемиот дел и навистина ќе имаме шанса да разговараме не само со претставниците на НАТО мисијата, претставниците на различните контингенти, туку прво да го поминеме овој ден со луѓето кои што еве веќе на крај се на својата мисија. Шест месеци ги минуваат во Авганистан, носејќи го македонското знаме и претставувајќи ја својата земја во извонредно тешки, ризични и опасни услови“, рече Шекеринска.


Фото: Министерство за одбрана

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица