(ФОТО) УНГАРЦИТЕ ПРAВАТ БАРИЕРИ ЗА ЗАШТИТА: Будимпешта се подготвува за поплави
Објавено во: Свет 18 Септември, 2024
Будимпешта се подготвува за поплави. Луѓето поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, а за викендов е најавена опасноста од излевање.
Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода, поради што е затворен островот Маргит, одморалиште со хотели и ресторани.
На сила стапи указот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за заштита од поплави, според кој беа наредени координирани мерки за заштита на целата територија на Унгарија, а унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во тек е најтешката фаза на заштита.
Моменталниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, додека вчера бил под 600 сантиметри.
Разорните поплави предизвикаа хаос во Полска, Австрија, Чешка, Словачка и Романија, а според последните информации, најмалку 20 луѓе загинале.Се смета дека циклонот Борис ќе ја зафати и Италија.