25 Март, 2025
0.0369

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2024 21:45

Добивај вести на Viber

Караванот на Државната изборна комисија оваа недела ги посети општините Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане. Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, „ТИ СИ НА РЕД“, ДИК во општините кои ги посети, делеше едукативен материјал, со цел да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Парламентарни и Претседателски избори и да ги едуцира и за двата изборни циклуси.

Државната изборна комисија, ја подготви оваа едукативна и информативна кампања - „ТИ СИ НА РЕД“ со цел да поттикне поголема излезност на овие избори и да упати апел кон сите гласачи, дека и на претстојните Претседателски и Парламентарни избори нивните лични гласачки права се загарантирани. Токму затоа, караванот „ТИ СИ НА РЕД“ продолжува да патува и во понеделник ќе се посетат Скопје и Студеничани.

Многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните и информативни материјали, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија и од досега реализираните посети, најчесто поставуваните прашања се однесуваат на валидноста на документите за идентификација и можноста за гласање со лични документи чиј рок на важност е истечен. Од Државната изборна комисија појаснуваат дека секој кој ќе гласа на Претседателските избори во среда, потребно е со себе да носи документ за лична идентификација – важечка лична карта или пасош, односно лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.

Гласачите можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список наследниот линк: https://www.izbirackispisok.gov.mk/.


Можеби ќе ве интересира

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

MINT Fintech Group и OneID: Стратешка соработка за дигитална безбедност

MINT Fintech Group и OneID: Стратешка соработка за дигитална безбедност

ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ

ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

„Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

„Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

„Кредо Кард прославува роденден со ексклузивна понуда: 50 отсто попуст на месечни надоместоци“

„Кредо Кард прославува роденден со ексклузивна понуда: 50 отсто попуст на месечни надоместоци“

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж

Samsung ја претстави иднината на поврзаниот живот овозможен од вештачката интелигенција на World of Samsung 2025

Samsung ја претстави иднината на поврзаниот живот овозможен од вештачката интелигенција на World of Samsung 2025

ФИКС ПРЕМИУМ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА СИЛК РОУД БНКА СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ЦЕЛ ПЕРИОД НА ОТПЛАТА

ФИКС ПРЕМИУМ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА СИЛК РОУД БНКА СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ЦЕЛ ПЕРИОД НА ОТПЛАТА