18 Декември, 2025
0.0660

(ФОТО) Во Скопје како да нема корона: Рестораните полни, „тепачка“ за маса на сонце, и само со резервации

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Март, 2021 08:12

Добивај вести на Viber

Скопјани се однесуваат како во Скопје да не владее коронавирусот. Убавото време ги наполни терасите на рестораните и кафулињата, особено во центарот на градот.

Најмногу гужва има на сончевите тераси, било тоа да е во Дебар маало, но и во Градскиот парк. 

Екипа на Фактор беше во Градскиот трговски центар каде што буквално има „тепачка“ за маса на сонце.  Масите се распоредени на растојание и се почитуваат протоколите но има навалица од луѓе.

Начекавме ваква слика: Семејство стрпливо чека да се ослободи една од масите за да седнат и да се напијат кафе. Се ослободува маса во најбараниот дел на терасите, семејството седнува и келнерот ги станува со образложение дека масата е резервирана. Знак за резеврација никаде не стоеше на масата, а потоа келнерите ја дадоа на други луѓе.

Гостите  на рестораните се пријателски расположени едни кон други. Во моментот кога едни гости ќе станат, а тие гледаат дека други се во потрага по слободно место, им даваат знак да им се доближат. „Овде, наскоро ќе станеме“, им се обрати една госпоѓа на две други уште пред да ја плати сметката.

Оние кои се дојдени за ручек не чекаат маса на сонце. Полни се и затворените делови на терасите, оние под најлоните,како и внатрешните делови. Оние кои не можат да се снајдат за маса, си земаат кафе за носење и го пијат во блиските паркови или на кејот на Вардар.  (М.Џ.)

Фото: В.Тануровски 

Дополнување: Од Кај Џино, еден од рестраните кој не беше споменат во текстот, а од каде имавме фотографија велат дека ги почитуваат правилата и протоколите и воопшто не се согласуваат дека се места каде се шири вирусот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери