(ФОТО) ВОНРЕДНО НА ЈУГОТ НА СРБИЈА: Спасен мост од надојдената река на Јужна Морава
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2015 13:54
Во поплавените подрачја во Врање и Вењачка Бања, во кои повторно е на сила вонредна состојба, водостојот на надојдената река Јужна Морава во изминативе десет часа паднало за еден метар, но и покрај тоа состојбата е критична.
Командантот на градскиот штаб за вонредни состојби и градоначалникот на Врање Зоран Антиќ рекол дека поплавите во градот поплавиле 30 домаќинства, од кои осум помошни објекти и повеќе од 160 хектари обработливо земјиште.
Бранителите успеале да го спасат мостот преку Јужна Морава кај селото Чуковац. Ако мотот е урнат, мештаните, посебно децата нема да можат преку него да одат во Врање туку преку подолги заобиколувачки патишта.
Штабот за вонредни состојби забрани користење на вода од селските водоводи и бунари. Надлежните служи во подготвени бидејќи постои опасност од инвазија на влечуги и глодари. Многу патишта се оштетени, а има и одрони во некои области во Врњачко.
Ни најстарите жители на Врање не паметат толку голем водостој на реката Јужна Морава. Иако состојбата во поплавените подрачја се стабилизира не престанува опасноста од надојдената Биначка Морава од Косово.
Во прекин е сообраќајот на патот Ратаје - Црн Луг, бидејќи се уништени 300 метри патен правец. Уште не е сериозна состојбата во приградските населби на Рибинце.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата







