Добивај вести на Viber
Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој.
„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња“, велат од ЦУК.
Деновиве во земјава има обилни врнежи од дожд.