Фракција во „Левица“ тврди дека ќе го обедини членството
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2016 15:53
Членови на „Левица” кои се незадоволни од одлуките на партијата, а кои од судот очекуваат да изрече времена мерка за забрана за учество на парламентарните избори, формираа фракција „Единство”.
„Формирана е поради организациски и стратешки грешки на дел од раководните органи, а нејзина цел е враќање на „Левица“ на вистинскиот пат и обединување на членството. Во изминатата година „Левица” покажа храброст, знаење, желба за промени, но не и политичка зрелост и мудрост. Не беше донесен Стратешки план, туку беа исполнувани желбите на одредени „лидери“- велат од фракцијата.Тие сметаат дека е прекршен партискиот статут, а имало и лаги и манипулации со членството.
Велат дека единствената цел на „Левица“ во даденава ситуација треба да биде пад на режимот. Од „Единство” објаснуваат дека не е точна пренесената информацијата дека здружениот опозициски фронт не им понудил ништо, односно дека им биле понудени сигурни пратенички места, слобода во изразувањето, критиките кон грешните политики и влез во институциите.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




