ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА: За Нова година и Божиќ нема олабавување на мерките
Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Декември, 2020
За Нова година и Божиќ поради пандемијата на коронавирусот, европските метрополи ќе останат празни.
Строгите мерки остануваат на сила во Франција, Германија, Италија, и други држави.
Италија, Новата година ќе ја дочека со полициски час и забрана за движење од еден во друг регион во државата.
Германија е една од земјите каде подолг период има остри мерки. Во пресрет на празниците, порака до граѓаните испрати и канцеларката Ангела Меркел.
„Сакам само да кажам – ако ние сега имаме многу контакти со други луѓе во пресрет на Божиќ и тоа резултира како последен божиќ со нашите баби и дедовци, значи сме направиле нешто грешно. Не смееме да дозволиме ова да се случи.Жал ми е, навистина ми е жал од дното на срцето. Но, ако цената што терба да ја платиме е 590 смртни случаи на ден, тоа е неприфатливо за мене“, изјави Меркел.
Франција се откажа од ублажување на мерките за време на празниците.
Земјата нема повторно да ги отвори музеите, кината и театрите следната недела, како што беше планирано, зашто бројот на случаите на ковид-19 не паѓа толку брзо како што се надевала владата, изјави денеска премиерот Жан Кастекс. Франција на 15 декември ќе ја укине наредбата за останување дома и ќе ја замени со ноќен полициски час.
Француската влада најави дека карантинот воведен на крајот на октомври за да го совладаат вториот бран на коронавирусот ќе биде делумно укинат до 15 декември. Но, ова беше условено со тоа бројот на инфекциите да падне на 5.000 дневно, што изгледа нема да се случи. Иако стапките на преносот се неколку пати пониски отколку што беа на врвот на вториот бран, Франција во моментов бележи во просек 11.368 нови случаи секој ден. Театрите, кината и музеите би требало повторно да се отворат во почетокот на јануари. Меѓутоа, полицискиот час ќе биде укинат на 24 декември, на Бадник.
Бројот на заразените со коронавирусот во Франција е зголемен за 13.750.
Во Австрија постои страв дека со трет бран на вирусот нема да можат да се справат.
Франција и Италија се во првите 10 во светот со најмногу заразени, а Германија е на 12-то место.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.