Франција подготви нон-пејпер со своите принципи за проширување
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019
Франција достави нон-пејпер со своите принципи за проширување на ЕУ.
Принципот на реверзибилност откога ќе почнат преговорите останува клучно барање и во нон-пејперот кој Франција го испратила до земјите-членки на ЕУ, а во кој РСЕ имаше увид.
Франција до земјите членки на Европската Унија пратила така наречен нон-пејпер во кој бара обновен пристап во процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, јавува дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел. Воедно од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да објави нова методологија за пристапниот процес која би се применувала во отворањето на преговорите со земјите-кандидатки.