ФРАНЦУСКИ СТУДЕНТ СЕ ЗАПАЛИ ПОРАДИ МАКРОН: Не можел да живее со 450 евра
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2019
Француски студент на возраст од 22 години во саботата се запали во Лион, поради финансиски проблеми.
Од болницата велат дека се наоѓа „меѓу живот и смрт“ и дека има 90 отсто изгореници на телото.
Пред да се запали, на Фејсбук напишал дека не може да живее со 450 евра, и дека го „убил“ францускиот претседател, Емануел Макрон, и десничарката Марин Ле Пен и Европската Унија.
Тој ги обвини дека создале несигурност, и дека со 450 евра не може да се изнајми ниту соба во предградие на Лион. Момчето се запалило пред студентски ресторан, за да прати политичка порака.