19 Декември, 2025
0.0843

Францускиот Амбасадор во Македонија, во официјална посета на „Алкалоид“

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2016 11:44

Добивај вести на Viber

Делегација од Амбасадата на Франција во Република Македонија, предводена од Н.Е., амбасадорот Кристијан Тимоние, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

Целта на посетата на високите дипломатски претставници беше запознавање со резултатите од осумдецениското работење на компанијата, нејзините пласмани и производното портфолио. Во рамки на средбата со менаџерскиот тим, беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.


Н.Е., г. Тимоние истакна дека е импресиониран од посетата и од успешното работење на „Алкалоид“.

„Особено сум среќен што Алкалоид успешно соработува со неколку француски фармацевтски компании, но заеднички ќе се обидеме да го зголемиме нивниот број во иднина и да воспоставиме  продлабочена соработка во делот на истражувањето, што би било од големо значење за двете земји. Алкалоид е успешна приказна, која покажува дека кога постои знаење, сé се може“, изјави г. Тимоние. 

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов посочи дека посетата од страна на францускиот амбасадор претставува огромна чест за компанијата, која е подготвена да вложи и дополнителни напори со цел интензивирање на соработката помеѓу двете држави.

„Годинава, кога славиме 8 децении истражување, развој, иновации и континуирани вложувања во алкалоидовата визија за поздрав живот, не можам а да не ги споменам и генерациите Алкалоидовци пред нас, благодарение на чии несебични заложби, денес сме една од најмодерните и најбрзорастечки фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1.600 вработени и пласмани во над 30 земји во светот“, истакна Мукаетов.

Во рамки на официјалната посета, гостите имаа можност одблизу да се запознаат со производните капацитети на компанијата и сегментите за истражување, како и со новиот Центар за контрола на квалитет.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“