17 Декември, 2025
0.0414

Француски државјанин поврзан со париските терористи уапсен во Бугарија

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2015 12:21

Добивај вести на Viber

Французин, кого бугарските власти го уапсиле во обид да ја премине границата со Турција, бил во контакт со еден од напаѓачите во Париз минатата недела, соопшти денеска обвинителството во Софија. „Фриц Жоли Жоакин (29), кој е уапсен на први јануари, неколкупати бил во контакт со еден од двајцата браќа, Шериф Куаши“, рекол обвинителот Дарина Славова. Таа објаснила дека до контакт дошло пред Жоакин да ја напушти Франција на 30 декември, на само една недела пред нападот што го изведоа браќата Куаши. За Жоакин најпрво била издадена потерница на барање на Франција поради обвинение  поднесено од неговата сопруга дека го киднапирал тригодишниот син. Меѓутоа, Бугарија во понеделникот добила второ барање за негово апсење кое го издал судот во Париз. „Обвинението се однесува на учество во организирана криминална група чија цел е организирање терористички дела“, истакнала Славова. Француската полиција верува дека уште шест членови на терористичката келија, поврзани со неодамнешните напади во Париз, се наоѓаат во бегство, меѓу кои е и маж кој бил забележан во возило регистрирано на вдовицата на еден од напаѓачите. Еден од полициските претставници рекол дека келијата се состои од 10 члена и дека е можно „пет или шест од нив да се во бегство“, не обелоденувајќи ги притоа нивните имиња.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата