15 Јануари, 2025
0.0295

ФРАПАНТНИ БРОЈКИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Учениците исчезнуваат, наставниците се множат

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Ниту со весела математика не можат да се сокријат фрапантните бројќи достапни на ДЗС, за намалувањето на бројот на учениците и зголемувањето на бројот на образовни (најчесто партиски) кадри во државните институции, посочува денеска партијата Левица.

-Аналитичкиот тим на Левица направи компаративна анализа, за соодносот на наставен кадар, споредено со бројот на учиници во периодот помеѓу 2000 и 2023 година. Па така:
Од 2000 година до сега во Македонија има 67. 251 ученик помалку во основните училишта, показател на празнење на државата! Од друга страна, наставниот кадар расте, па така за истиот овој период, имаме 5.516 вработени повеќе само во основното образование.
Во оваа временска рамка, бројот на вработени е зголемен за 41%, а бројот на ученици се намалил за 27% во основните училишта! Само во последните 5 години, имаме речиси 6.000 ученици помалку, од кои 2300 се првачиња.
Слично е и со средните училишта, односно, таму се запишале 25.883 ученици помалку, споредено за периодот од 2000 до 2023 година. За истиот тој период вработени се дури 1.550 повеќе професори!
Како партија цениме дека белата чума која што ја дивее во Македонија е донесена директно од штетните политики водени од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, од независноста на државата до денес. Иселувањето на младите и загубата на огромен број ученици,  главно се мотивирани од социо-економските услови, но не помалку важно е да се напомене, дека важен мотив за намалувањето на бројот на ученици е самиот образовен систем. Држава, во која учебниците по историја се пишуваат во Бугарија, а по јазици на Косово, додека целосно каска зад образовните стандарди на ЕУ, на први септември е без учебници за сите ученици, не може да очекува поинакви резултати!
Левица бара неодложна реформа во македонското образование, направена преку широка дебата и целосно вклучување на експертската јавност, наставниците и учениците, затоа што демографските карактеристики и (не)квалитетниот образовен систем бараат прилагодување на реалната состојба и длабоки промени.

фото: ФБ

Можеби ќе ве интересира

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот