06 Декември, 2025
0.0421

ФРЧАТ БЛОКОВИ СО АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“, НЕКОЈ УПОРНО КУПУВА - кој плати 184 илјади евра за последните два пакети

Објавено во: Финансии 03 Април, 2024 12:31

Добивај вести на Viber

Повторно на Берзата преку блок трансакции се купуваат акции на фармацевтската компанија „Реплек“. Очигледно е дека е таа многу интересна за инвеститорската јавност, но и за менаџментот, како и за доминантните сопственции, кои постојано и јавно објавуваат дека се стекнале со нови акции на ова акционерско друштво, дури и кога станува збор за една или неколку акции. 

Вчера поминале два блока, на вкупна вредност од 184 илјади евра, со акциите на „Репшлек“, што се случи откако и во четвротокот минатата недела, исто така помина една блок трансакција со акциите на оваа компаниоја, која беше на нешто помала вредност, односно за вкупна сума од 45 илјади евра. 

На вчерашните блокови, во првиот наврат се продадени 45 акции по цена од 103.000 денари за акција, или тој блок тежел над 75 илјади евра, додека, пак, во вториот блок поминале 65 акции, исто по цена од 103.000 денари за акција, или вкупната вредност на трансакцијата е близу 109 илјади евра. 

Што значи дека двата блока вкупно тежеле над 184 илјади евра. Кој е купувачот засега не е познато. 

Инаку, цената од 103.000 денари за акција што се постигна на вчерашните блокови, е нешто пониска од онаа на минатонеделната блок трансакција, кога беа платени 103.250 денари за акција. 

Со оглед што компанијата засега има издадено вкупно 25.920 акции, поминатите пакети од 45 и 65 акции се мали и вкупно зафаќаат околи 0,42 проценти од целосната акционерска структура на компанијата.

А, како што Фактор објави, акционерите на „Реплек“ имаат причини за задоволство. Компанијата на крајот на април на Собрание на акционери ќе донесе одлука за распределба на дивиденда, која ќе изнесува 300 денари по акција бруто и 270 денари во нето износ. До акционерите на оваа успешна фармацевтска компанија веќе е објавен јавен повик за учество на Собранието, кое е закажано за 25 април оваа година.

Компанијата објави дека лани остварила добивка по оданочување на сума од 2,6 милиони евра, додека, пак, акумулираната добивка од минати години изнесува 1,1 милиони евра. Или, вкупно нераспределена добивка е 3,7 милиони евра.

А, вкупниот износ што е предвиден за дивиденда изнесува 1,16 милиони евра.

Се планира да се дели бруто износ од 3.000 денари по акција, и нето износ од 2.700 ден по акција

Во законски резерви ќе одат 1,38 милиони евра, а како акумулирана добивка ќе останат 1,17 милиони евра.

Ако нето дивидендата по акција изнесува 2.700 денари, Фактор направи пресметка колку би зеле дивиденда најголемите акционери во компанијата.

Па така, Душан Пецоски, кој е и најголем акционер, а и генерален директор на компанијата, кој располага со 11,98 отсто од акциите, а со оглед што компшанијата има вкупно издадени 25.920 акции, излегува дека тој би зел дивиденда на сума од над 136 илјади евра.

Неговиот брат, пак, Владимир Пецовски, кој има во свој посед 6,29 отсто од акциите, ќе наплати на име дивиденда близу 72 илјади евра.

Слично толку како дивиденда од Реплек ќе земе и Биотек, сопствениците на лаборатории, кои се нов акционер на Реплек и поседуваат 6,3 отсто од акциите, што ќе им донесе безмалку 72 илјади како дивиденда.

Акционерот „Настел“, пак, на бизнисменот Зоран Азманов, ќе наплати дивиденда од 107 илјади евра, според пресметките на Фактор.

На собранието ќе се донесе и одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2023 година, односно дивиденден календар. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите. Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2023 година е 15 мај, а прв датум за тргување без право на дивиденда за 2023 година е 16 мај. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2023 година е 17 мај. Исплата на дивидендата за 2023 година ќе започне од 03 јуни.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката