Добивај вести на Viber
Даночен долг од околу милијарда динари имаат белградските фудбалски клубови Партизан и Црвена Ѕвезда , соопшти Даночната управа на Србија.
Даночната управа наведе дека Партизан должи 612 милиони динари, од кои камата 146 милиони динари. Долгот на Црвена Ѕвезда е 372 милиони динари од кои камата 54 милиони динари.
- ФК Ѕвезда и ФК Партизан се наоѓаат во статус на мирување согласно Законот за условен отпис на камати и мирување на даночниот долг и се додека ги исплатуваат тековните даночни обврски на време, нема да бидат блокирани, Право на 50 отсто отпис на каматите стекнуваат по истекот на 31 декември 2013 година, а останатите 50 отсто со истекот на уште една година, т.е. на 31 декември 2014 година – наведоа во Даночната управа.