Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто
Објавено во: Економија 07 Декември, 2024
Со измените на Законот за платите во јавниот сектор се планира зголемување на платите на државните функционери во Црна Гора за 30 отсто.
Порастот на нивните плати ќе биде во просек за 500 до 600 евра, а на годишно ниво за тоа ќе бидат потребни дополнителни 8,5 милиони евра.
За Министерството за финансии на Црна Гора, според она што го даде како објаснување за јавноста, е дека тоа е потреба поради високото ниво на одговорност , но и мотивација
Зголемувањето е планирано од почетокот на следната година. Експертите сметаат дека се неприфатливи дополнителните зголемувања за министри и другите претставници на власта.
Зголемувањето уследи по неодамна спроведената економска програма на Владата „Европа сега 2“ со која платите на сите граѓани во земјата треба да се зголемат за најмалку пет отсто.