Добивај вести на Viber
„Земјите од Г-20 најразвиени држави се договорија да избегнат нова валутна војна и утврдија дека дека девизните курсеви треба да ги одразуваат пазарните фундаменти“, соопшти за новинарите министерот за финансии на Франција Пјер Московиси, цитиран од Ројтерс.
Ова е еден од заклучоците на состанокот на најразвиените земји кој се одржа вчера во Москва и каде што главна тема беше валутната војна која ја започна Јапонија со намалување на вредноста на јенот. Според претставниците на земјите од Г-20, монетарната политика на земјите треба да се насочи кон внатрешна ценовна стабилност и економското закрепнување.
"Сите декларираме дека одбиваме да учествуваме во валутна војна. Девизниот курс на валутите треба да го одредат пазарите ", коментира Московиси.
Тој додаде дека земјите од Г-20 сакаат да го прифатат моделот за "пристап на соработка, со исклучок на агресивни стратегии за девалвација на меѓународно ниво".
"Земјите од Г-7 дадоа многу јасна изјава оваа недела. Г-20 ќе го повтори кажаното. Валутите не треба да се користат како алатка за конкуренција и земјите не треба да ја повторуваат грешката и да ги користат валутите како инструмент за економска војна", додаде британскиот министер за финансии Џорџ Осбърн.
Во соопштението на групата Г-20 , испратено до медиумите доцна синоќа, се посочува дека Г-20 "ќе се воздржи од конкурентна девалвација, а монетарната политика треба да биде насочена кон внатрешната ценовна стабилност и економското закрепнување".
Глобалните девизни пазари беа невообичаено волатилни во пресрет на средбата на Г-20 во Москва, на која беше разгледана меѓународната финансиска стабилност, посочува Financial Times.
Очекувано јенот беше во центарот на дебатата, но претставниците на 20-те најсилни економии во светот не ја обвинија Јапонија за намерна интервенција на девизните пазари. Тие се обединија околу мислењето дека монетарната политика на владата дел од внатрешната економска политика на оваа земја.
Весникот потсетува дека претходно оваа недела Г-7 излезе со став дека централните банки не треба да влијаат на девизните курсеви, но истакна дека "поволните парични политики кои имаат страничен ефект на слабеењето на валутите, се дозволени".
Ваквата изјава ги збуни и дестабилизира пазарите, особено откако анонимен извор изјави за медиумите дека коментарите биле критика кон монетарната политика на Јапонија.
Во последната година јенот стана најголема омилен валута на пазарите, откако хеџ фондовите заработија милијарди од трансакции со јапонската валута. Во последно време, сепак еврото се засили и се ги зголеми стравувањата за потенцијалните штети врз европската економија, која силно се потпира на извозот како двигател на растот.
Поради засилените критики кон Токио претставници на Владата објаснија дека монетарната политика им е насочена кон инфлацијата, а не кон курсот на јенот. Европската централна банка пак излезе со став дека курсот на еврото не е цел на нивните политики.
За време на средбата на Г-20 во Москва, управниот директор на Г-20, Кристин Лагард коментираше дека зборувањето за валутна војна "прецветало".
"Да, еврото поскапе, и да јенот намали на вредност, но тоа е резултат на добрите политики во еврозоната и слободните политика во Јапонија", коментираше Лагард.
Претседателот на Федералните резерви на САД, Бен Бернанке додаде дека поддржува Кристин Лагард и истакна дека Вашингтон користи "внатрешни политички алатки за постигнување на внатрешни цели".
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.