(ГАЛЕРИЈА) Активисти бараат отворање на државни шелтери за вдомување на бездомните кучиња
Објавено во: Македонија, Галерија 13 Јануари, 2023 17:38
По настанот во Струга, каде беа убиени улични кучиња, денеска се одржа протест пред Владата.
Aктивистите за заштита на правата на животните денеска протестираа откако пред три дена стружанец со ловечка пушка уби 10 кучиња. Бараат властите да преземат мерки за решавање на овој проблем.
„Решението на проблемот е во отворање на ветените државни шелтери за вдомување на бездомните кучиња, да се воведе задолжителното микрочипирање на милениците, како и задолжителната стерилизација односно кастрација на милениците, која за помалку од три години би го решила проблемот со кучињата скитници“, рекоа активистите на протестот.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска објасни дека го задолжил министерот за земјоделство Љупчо Николовски да се изготви нов закон за миленици.Општина Струга изрази благодарност до премиерот Димитар Ковачевски, како и до сите членови на Владата, за како што велат, „пристапување кон нивната иницијатива, за да се реши еднаш засекогаш сериозниот пробелм со кучињата скитници“.
фото Вангел Тануровски








Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




