(ГАЛЕРИЈА) Еве како беше денеска пред банките

Објавено во: Економија, Галерија 23 Декември, 2020 18:13
Пред банките денеска имаше големи гужви, затоа што граѓаните побрзаа да ја земат помошта од 6.000 денари која ја доделува државата.
Овие пари првично требаше да се трошат за домашни производи, но потоа се сменија правилата, така што може да се подигнат во кеш и граѓаните имаат слобода да ги потрошат за што сакаат. Со четвртиот пакет мерки за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27, 3 милиони евра.
Помошта од 6.000 денари која ја добиваат граѓаните од државата на своите сметки, ќе може да се користи без ограничување, децидни се од владата. На сметките на граѓаните вчера и денеска се уплатени вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра и целта е да им се помогне на ранливата категорија граѓани за полесно пребродување на кризата, а средствата кои ќе ги потрошат ќе се вратат во стопанството.фото Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
ЛЕТ ДУБАИ-СКОПЈЕ: Николоски договара отварање на најмалку два лета

ЗАВРШИ ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, НО СКОПЈАНИ, НЕ СТРАВУВАЈТЕ - ако надвор е ладно, ќе има топли радијатори се до 30 април

Мицкоски и останата владина делегација во посета на емиратот Шарџа

ОД ПЕТОК ЌЕ ИМАМЕ УВИД ВО ЦЕНИТЕ: Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на прозводите на нивните веб страници

„ИЗГЛЕДА И ТРАМП РАЗБРА“: американските автомобили не се целосно американски

ЦАРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОНКУРИРААТ КОМУНИКАЦИИ, ЦЕМЕНТ И ЛЕКОВИ - како лани се правеа најголемите профити на Берзата

Кое пензиско друштво заработи 3,7 милиони евра управувајќи со парите на речиси 300.000 идни пензионери?

НОВИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ – на барање на Царина ќе се менува законот за полесна контрола на увозот

ТИВКО И БЕЗ НИКАКВА НАЈАВА: Мерцедес го смени легендарното лого
