(ГАЛЕРИЈА) Гужва во УЈП, граѓаните во трка со рокот за поднесување даночни пријави
Објавено во: Економија, Галерија 15 Март, 2017
Денеска истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите остварени во изминатата 2016 година, поради што има голема гужва во просториите на УЈП.
За таа цел даночните канцеларии на УЈП ќе работат до 20 часот. Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, во УЈП ќе се работи со продолжено работно време. Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.
ФОТО ФАКТОР
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.