(ГАЛЕРИЈА) Кроациа Осигурување испрати помош за поплавените подрачја ширум земјава
Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2015 16:43
Кроациа Осигурување спроведе хуманитарна акција донирајќи финансиски и материјални средства со цел помош и поддршка за настраданото население од поплавените подрачја ширум земјава.
Оваа Хуманитарна акција подразбира финансиска поддршка донирана од Компанијата, како и материјална донација на Компанијата и нејзините вработени, застапници и соработници кои донираа облека, средства за хигиена, пијалоци, постелнина и слично, со цел да им се помогне на нашите граѓани.
„Во овој момент најважно е секој од нас да се вклучи во хуманитарната акција за помош на поплавените подрачја и да помогне колку може. Како општествено одговорна компанија, ние чувствуваме одговорност да им помогнеме на граѓаните од овие подрачја. Горди сме на успешноста на оваа акција и значајниот одзив кој го имаа нашите вработени и соработници вклучувајќи се со своја донација. Па така, покрај финансиската донација успеавме да испратиме и бројни пакети со облека, основни намирници за хигиена и конзервирана храна“ - велат од Компанијата.
Испраќајки апел до сите граѓани да се вклучат во бројните хуманитарни акции и да помогнат во рамки на своите можности, компанијата донираните финансиски и материјални средства ги предаде во Црвениот Крст на Р. Македонија.
[gallery ids="145112,145110,145111,145109,145108,145107,145106,145105,145104"]Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




