(ГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ ОД ВЕВЧАНИ: Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел oд крневалот
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2025
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Вевчанскиот карневал.
„Традиција стара неколку века. Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел од Василичарскиот Вевчански карневал“, пишува тој на социјалните мрежи.
Вевчанци беа маскирани како поранешниот вицепремиер кој избега, Артан Груби, како екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, како познати пејачи и други ликови од општествено - политичкото живеење.
Вевчанскиот карневал завршува утре со палење на маските на сред село чин со кој се верува дека се брка злото да не влези во Новата година.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски