(ГАЛЕРИЈА) Се бара Дурловски да биде пуштен од притвор
Објавено во: Македонија, Галерија 11 Јануари, 2018 16:03
Во Апелацискиот суд денеска на рочиште адвокатите на оперскиот пејач, Игор Дурловски, побараа укинување на притворот и негова замена со куќен притвор или друга поблага алтернативна мерка за неговото учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година.
Неговиот бранител Ставре Џиков наведе дека, „со укинувањето на притворот ќе се постигне правичност“. Тој истакна дека со притворот не само што му се ограничува слободата туку се влијае и на неговиот интегритет и на неговото семејство.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека „станува збор за решенија по урнек во кои нема посебни околности зошто на Дурловски да му биде продолжен притворот.“
Според него и куќниот притвор во случајот би бил престрог и додаде дека „во секое време се подготвени да го депонираат пасошот на Дурловски во суд.“
Двајцата адвокати посочија дека Дурловски е уметник и дека тој заедно со неговата сопруга ја претставува земјава во светот.
Дурловски само кратко рече дека останува на ставовите на неговите адвокати, без да додаде ништо повеќе. На седницата беше присутна и сопругата на Дурловски, Ана Дурловска која носеше маичка со ликот на Дурловски и натпис „правда за Игор“ на англиски (justice for Igor).
Претставникот на Вишото јавно обвинителство рече дека жалбата на Дурловски треба да биде одбиена како неоснована и да се потврди притворот.
ФОТО ФАКТОР



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“





