(ГАЛЕРИЈА) Скопје и Македонија го обележаа Водици, од граѓаните пратена порака за името
Објавено во: Македонија, Галерија 19 Јануари, 2019 12:47
Бог се јави. Навистина се јави. Вака меѓусебе граѓаните од христијанска вероисповед се поздравуваат на денешниот празник Богојавление Водици посакувајќи здравје, мир и среќа за сите.
Ширум државата заврши традиционалното положување на светиот крст во водите.
Илјадници граѓани во мирна атмосфера ја следеа манифестацијата во главниот град. Христијан Нинески кој има 25 години беше насреќен меѓу Скопјани. Тој како што кажа се фрла по шестти пат и токму денес за прв пат го фаќа крстот кој во Вардар од мостот „Слобода“ го положи и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во скопски Карпош каде крстот во водите на Вардар беше положен од железниот мост најсреќен меѓу верниците беше Илија Блажевски кој и минатата година го извади светиот крст.
Васко Панчовски го извади чесниот крст од водите на река Брегалница во Делчево
Деветнаесетгодишниот Цветко Митрески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Стружанецот, кој десетти пат скокал по светиот крст, три пати го фаќал во Дебар, а прв пат во родната Струга. Дваесет и седумгодишниот Дарко Илов по втор пат го фати светиот крст во Црна Река кај Росоман.

Во Скопје, на манифестацијата пак беше испратена и порака до властите.
„Името ни е идентитетот“ пишуваше на голем постер распослан на кејот на Вардар во Центар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





