13 Мај, 2024
0.0244

(ГАЛЕРИЈА) „Стјуардесите“ на Мак Аутостар ја претставија новата E-Class во Македонија

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Чудото од автомобил кој нуди делумно автономно возење, новата E-Class на Mercedes-Benz, по светската премиера во Детроит и европската во Женева, пристигна во Македонија.

e-class

Мак Аутостар на сосема невообичен начин го претставува автомобилот на иднината, кој доколку го погледнете внатре, изгледа како првокласно уреден салон. За што поавтентично да се долови чувството на новата E-Class, салонот на Mercedes-Benz е преуреден во авионски луксузен VIP салон, а за дочекот на гостите се грижат „стјуардесите“ на Мак Аутостар.

Тимот или во овој случај екипажот на Мак Аутостар им приредува првокласен дочек на сите VIP гости во салонот на Мак Аутостар, впрочем како што и доликува на моментно најлуксузниот автомобил во својата класа. Преку новата E-Class, Mercedes-Benz отвора ново поглавје во иднината на автомобилската индустрија, претставувајќи го најинтелигентниот автомобил со мноштво техничко-технолошки иновации, изјави директорот на продажба на Mercedes-Benz патнички возила, Мартин Стошиќ.

Новата E-Class е софистицирана, доверлива и спортска. (Повеќе инфо на www.mercedes-benz.mk/novata_e_class)

[gallery ids="210953,210954,210958"]

Тоа што е невообичаено за кој било автомобил е што новата E-Class се нуди со два сосема различни изгледи на предниот дел на внатрешноста.

Една од верзиите е со централно поставен екран со големина од 12,3 инчи, засега најголем во својата класа и со исто толкава големина на дигитална инструмент табла. Достапни се и три различни дизајни на инструмент таблата и тоа: "Classic", "Sport" и "Progressive".  Моментот на избор на бојата на осветлувањето во внатрешноста е уште еден интересен детал, при што на располагање на клиентите им се дури 64 различни видови бои.

На располагање се комфорни и специјално дизајнираните спортски седишта, а за да се доживее уште повеќе првокласаната удобност на новата E-Class, на располагање е и опцијата Warmth&Comfort која нуди греење на наслоните за раце, управувачот, централната конзола, како и брзото загревање на седиштата.

Во споредба со претходникот, должината на меѓуоскиното растојание е зголемено за 65 мм (2939/2874),  додека вкупната должина е зголемена за 43 мм (4923/4880). На располагање се три вида суспензија Comfort, Avantgarde и Sport.

Новата E-Class е единствен автомобил во овој сегмент кој може да биде опремен со воздушна суспензија со повеќе комори.

Преку копчето DYNAMIC SELECT, возачот може да избере една од 4-те пре-дефинирани опции на стил на возење: "Comfort", "ECO", "Sport" и "Sport+". Надополнето со воздушната суспензија – AIR BODY CONTROL како и дополнителната опција "Individual", новата E-Class дава можност возилото да се прилагоди на сечиј стил на возење.

e-class4

Нова генерација на помошни системи

Mercedes-Benz со новата E-Class повторно приреди мноштво изнедувања во поглед на врвните технологии и иновации.

DRIVE PILOT: Ова е следниот, нов чекор кон целосното автономно возење. Со помош на оваа опција, автомобилот е во можност самостојно да следи друго возило пред себе на безбедна оддалеченост и тоа до брзини на движење од 210 км/час. На овој начин возачот нема потреба постојано да притиска на педалите за сопирање и забрзувања, а возачот добива помош и на управувачот, преку системот Steering Pilot.

Speed Limit Pilot може самостојно да ја прилагоди брзината на движење на возилото, како одговор на информациите за ограничувања на брзината добиени од камерата или од навигацискиот систем.

Новина кај E-Class е и системот кој овозможува т.н. далечинско паркирање - Remote Parking Pilot.  Овој систем овозможува возилото да биде паркирано без управување од страна на возачот во автомобилот, односно само со помош на мобилен телефон.

Мулти-лед светла со висока резолуција – секое светло е составено од 84 ЛЕД светилки, кои автоматски го осветлуваат патот со прецизна дистрибуција на светлината, без притоа да им пречи на останатите учесници во сообраќајот.

[gallery ids="210961,210962,210963"]

Аеродинамичност

Аеродинамичноста е еден од најважните фактори за исклучителната ефикасност на новата E-Class. Новиот модел поставува нов рекорд во својата класа со коефициент на отпор на воздухот од само Cd 0,23.

Нова генерација мотори

e-class7

Новата E-Class на почеток на воведувањето во продажба ќе биде достапна со два мотори: E200 со 4 цилиндричен бензински мотор, како и E 220 d со сосема нов 4 цилиндричен дизелски мотор.

Другите мотори ќе бидат воведени по официјалното лансирање, вклучувајќи го и E350 со хибридна технологија.

Најмоќната дизелска верзија на новата E-Class е опремена со 6 цилиндричен мотор со напредната SCR (селективна каталитичка технологија) технологија на издувните емисии, со вкупна моќност од 258 КС и вртежен момент од 620 Nm.

На распогање ќе биде и верзијата E 400 4MATIC со 6 цилиндричен бензински мотор со моќност од 333 КС и максимален вртежен момент од 480 Nm.

MERCEDES E CLASS

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“