19 Декември, 2025
0.0790

(ГАЛЕРИЈА) ТЕХНОМА 2016 ги отвори вратите: Во фокус иновациите и новите технологии

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2016 14:37

Добивај вести на Viber

Годишнешново 42-то издание на манифестацијата која нуди промоција на достигнувањата во иновациите и новите технологии, можности и поттик за нови бизниси преку претставување успешни приказни, дебати за потребите на фирмите од повеќе области ТЕХНОМА 2016 официјално денеска ги отвори вратите за посетителите.

На саемот кој ќе трае пет дена ќе се претстават  над 160 изложувачи од Македонија, Италија, Австрија и Германија од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото, обезбедувањето и заштитата. 

На отворањето на саемот министерот за финансии Кирил Миновски истакна дека клучот  за економски развој на земјава е во развојот на приватниот сектор, така што тој ќе биде во состојба да искреира производи и услуги кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар. 

„За да се постигне тоа, Владата на Република Македонија е насочена кон креирање поволно деловно окружување кое ќе ја поттикне иновативноста на домашните компании, а воедно ќе го поддржи и внесот на нови технологии преку влезот на странски инвестиции“, рече Миновски .

Саемот се отвори денес и ќе трае до 22-ри октомври 2016 на Скопски саем.

На свеченото отворање на саемот се обрати и амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс кој рече дека присуството на повеќе унгарски фирми на саемот  е можност да се зајакне економската соработка меѓу двете држави.

Според најавите се очекуваат повеќе од 25 илјади посетители.


Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“