19 Декември, 2025
0.0534

„ГАЗИ БАБА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИЗДАВА ДОЗВОЛИ СО ГРАДБА, АКО САКА ДА ИМА ВОДА“: Капцитетот не може да ја издржи потрошувачката

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2025 10:02

Добивај вести на Viber

По барање информација од Водовод на независните советници од град Скопје во врска со недостаток на вода анализите покажуваат дека Гази Баба мора да престане со издавање на дозволи за нови згради бидејќи капацитетот на водоводната мрежа веќе не може да постигне и во иднина ќе го имаме истиот проблем, информираа Зелените од Гази Баба, пренесувајќи информација од Зелен Хуман Град.

- Гази Баба нема нова пумпна станица, нема нов резервоар со зголемен капацитет ниту нова примарна мрежа во истиот период во кој драстично се зголемува катноста на зградите, се формираат нови населби и се градат нови деловни комплекси. Општините не ја унапредуваат водоснабдителната мрежа да кореспондира на новите градби и зголемен број на луѓе – прибираат пари од комуналии што не ги користат за намената, информираа Зелените од Гази Баба- велат Зелените.

Инаку, Зелен Хуман Град, побарале од Водовод и канализација официјални информации за причините поради кои во делови од градот нема вода. 

- Моменталната потрошувачка на вода во Скопје е 350 илјади метри кубни на ден или 700 л по глава на жител на ден

- Скопје се напојува само од изворот Рашче и од 5 бунари од 2 бунарски подрачја – Лепенец и Нерези

- Рашче дава максимални 3.000 литри во секунда и повеќе не може зашто нивото на водата е под 70 цм

- Од Лепенец и Нерези црпиме 1.000 литри во секунда

- Во Скопје се трошат 4.000 л во секунда и затоа во некои делови има намален притисок

- Рашче е природен извор кој ние во моментов максимално го форсираме што може да доведе до негово уништување

- Ако непрекинато и доволно долго ги форсираме природниот извор Рашче и бунарските подрачја можеме да го натераме изворот да избие на некое друго место

- Комплетниот водоснабдителен систем во Скопје моментално работи со полн капацитет

- Дел од пумпните станици не смее да работат зашто нема доволно капацитет на трафостаниците

- Пумпната станица Општина Гази Баба работи со капацитет од 350 литри во секунда

- Гази Баба нема нова пумпна станица, нема нов резервоар со зголемен капацитет ниту нова примарна мрежа во истиот период во кој драстично се зголемува катноста на зградите, се формираат нови населби и се градат нови деловни комплекси

- Општините не ја унапредуваат водоснабдителната мрежа да кореспондира на новите градби и зголемен број на луѓе – прибираат пари од комуналии што не ги користат за намената

- Врело, Патишка река и дополнителни бунарски подрачја мора да се испитуваат како алтернативни извори за водоснабдување на Скопје

- Крадењето вода е сѐ уште само прекршок, а не кривично дело и за физичко лице е казниво со 200 евра, а за правните лица од 1.500 до максимум 3.000 евра со можност за порамнување и плаќање 50% од минималната изречена казна, информираа од ЗХГ.










Можеби ќе ве интересира

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП