05 Јули, 2024
0.0300

Газпром повторно брцна во окото на Брисел

Објавено во: Економија 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази надеж за постигнување на компромис во врска со антимонополската истрага на Европската комисија против "Газпром" и изјави дека Русија и компанијата ќе ги бранат своите интереси.

ЕК ја обвини "Газпром" дека некои од нејзините дејства во Централна и Источна Европа претставуваат злоупотреба на доминантна позиција. Според комисијата руската гасна компанија ги зголемува цените на горивото за источноевропските корисници и ја попречува конкуренцијата. "Се надеваме дека ќе се најде компромис. Сметаме дека ваквите спорови треба безусловно да се решаваат во текот на преговорите", рече портпаролот на претседателската администрација во Москва, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Русија се потпира на "целосно непристрасен однос кон компанијата" Гаспром ", и рече дека руската држава во својство на главен акционер во оваа компанија ќе ги брани нејзините интереси.

Претходно од "Газпром" излегоа со став дека тврдењата на ЕК се неосновани и дека очекуваат да се бара на меѓувладино ниво заемно прифатливо решение за прашањето со антимонополската истрага.

Од руското Министерство за енергетика исто така, изразија очекување дека одлуката на антимонополската истрага против "Газпром" ќе биде најдена преку консултации без политизација на прашањето. Потсетуваме дека ЕУ веќе започна антимонополска постапка против Газпром во 2012 година поради сомневањата за неправедни трговски практики со цените во Централна и Источна Европа и слободно транзитирање на сино гориво меѓу државите од ЕУ. Таа сепак е запрена поради конфликтот во Украина и влошувањето на односите меѓу Брисел и Москва.

Три се главните моменти од производството против руската компанија - дека ги злоупотребува пазарните позиции во Источна Европа, за да собере повеќе пари, ограничува продавање на бензин и ги блокира конкурентските извори на испорака. Големите разлики во цените на гасот за одделните држави во ЕУ се исто така предмет на истрага.

K.K.

Можеби ќе ве интересира

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш